Храбра игра на Шведска, но Турција оди во четвртфинале на ЕП!

78
Фото: ФИБА

Турција продолжи во победнички ритам на Европското првенство, се пласираше во 1/4 финалето. Во осминафиналето едвај ја победи Шведска со и за противник на патот до полуфинале ќе го има подобриот од дуелот меѓу Полска и Босна, кој на програмата е утре. Турција за првпат после 16 години ќе игра 1/4 финале.

Шенгун беше лидер со дабл-дабл од 24 поени и 16 скока, зад него беше Осман со 17 поени. На другата страна Хакансон имаше 16 поени.

Шведска која одигра одличен меч, во првото полувреме го имаше водството, најголемата позитива беше седум поени 32-39 во втората четвртина, и 37-44 на стартот на третата четвртина. Токму од овој момент, Турција со серија од 14-0 направи пресврт и поведе со 51-44. Пред крајот на третата четвртина, Шведска имаше негатива од десет поени (63-53).

Сепак Турција не продолжи да доминира, Шведските кошаркари не се предадоа во ниту еден момент и притискаа, на шест минути до крајот изедначија на 69-69, па следеше нова драма, минута подоцна пропушти две шанси да го врати водството. Лудилото продолжи, Хакансон со тројка донесе нов егал (76-76) на две и пол минути до крајот. Турција искористи три напади за 82-76, на другата страна Шведска не одговори на ист начин. Но, Шенгун промаши две слободни, на другата страна Бирганднер намали на 82-79. Шенгун со 1/2 зголеми на 83-79, Панцар не погоди тројка за пресврт.

На крајот ова историско ЕП за Шведска која за првпат се најде во осминафиналето останува мотив за следните предизвици и на светска сцена.

ПретходноДонарума остана без својата „99-ка“, не можеше да ја земе ниту „единицата“
Следно„Бомба“ од Истанбул: Фенер преговара со Зидан!