Хрватски Сесвете е последниот ривал на Вардар во групната фаза на ЕХФ Европската лига

64

Хрватскиот тим Сесвете e последниот ривал на Вардар во групната фаза од ЕХФ Европската лига. Сесвете обезбеди пласман во групната фаза откако на реваншот со Дуго Село славеше со 35:24 и ги анулираше оние 29:32 од првиот меч на гостински терен.

Сесвете предводен од некогашниот тренер на Пелистер, Жељко Бабиќ избори историски пласман во ова европско натпреварување.

Покрај Вардар и Сесвете во истата група се и француски Тулуз и екипата на Кристијанштад од Шведска.

Првиот меч за Вардар е на 14 октомври во Скопје токму против хрватскиот тим.

ПретходноЗаедно имаат 107 години: Тајсон и Мејведер договорија егзибициски меч!
СледноМилионски долг го затвори ресторанот на НБА ѕвезда