Дома Ракомет Домашно првенство Андоновски: Со трпелив напад и цврста одбрана можеме до бодови против Тиквеш

Андоновски: Со трпелив напад и цврста одбрана можеме до бодови против Тиквеш

39
Фото: Тинекс Пролет

Екипата на Тинекс Пролет денеска и официјално ја стартува новата сезона во Супер-лигата,со дуел на домашен терен против составот на Тиквеш (сала „Македонско Сонце“, 19 часот).

Избраниците на тренерот Матлиески одработеа квалитетни подготовки, одиграа неколку контролни натпревари и со нетрпение го очекуваат стартот на сезоната. Предводник на Тинекс Пролет како и во претходните сезони ќе биде искусниот Ласко Андоновски, кој ќе биде лидер на теренот, но и надвор од него, кој со совети ќе продолжи да им помага на младите ракометари на Тинекс Пролет чие време допрва доаѓа.

„Задоволен сум од она што го покажавме во текот на подготовките, не само на натпреварите, туку и на тренинзите на кои имавме максимално залагање од првиот до последниот ден. Повторно сме склоп на млади и искусни ракометари, ме радува ентузијазмот на оние помладите кои се желни да учат и да напредуваат. Се работеше напорно, напредокот е очигледен и сега сакаме тоа да го потврдиме и на терен oд првиот меч во сезоната“, истакна капитенот Андоновски.

Првиот дуел се очекува да донесе возбудлив и неизвесен ракомет, ако се знае дека токму Тиквеш ќе биде еден од главните ривали за остварување на целта и влез во плејофот.

„Знаеме како противник имаме против себе, Тиквеш е тим што игра квалитетен ракомет, со искусни играчи во своите редови. Не се сомневаме дека тие ќе сторат се за да стигнат до победата, но и ние ќе имаме што да кажаме. Домашните натпревари ќе бидат од исклучителна важност сезонава и затоа мораме да сториме се за да освоиме што повеќе бодови на наш терен, почнувајќи токму од овој меч со Тиквеш. Знаеме што треба да се направи, трпеливо во напад и цврсто во одбрана, оптимист сум дека со овој рецепт ќе стигнеме до резултатот што сите го посакуваме“, порачува Андоновски.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:30 ПРИЛЕП – ПЕЛИСТЕР 2
19:00 КУМАНОВО – РАДОВИШ
19:00 ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ

ПретходноОфицијално: Струга ТЛ и Ќосевски се разделија! (ФОТО)
СледноЕве како Италија се “разбуди“: “Играле“ шлаканици во соблекувалната!