Попладнево се одиграа седум меча од 3.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше на Автокоманда каде Скопје и Шкендија Арачиново одиграа борбени 2:2. Треба да се каже дека “Пиратите“ имаа 2:0, а во 90+1.минута од овој меч и 2:1, но гостоите постигнаа гол па така ова дерби заврши без победник.
Беласица на гости кај Г. Коњари славеше со неверојатни 1:7. Струмичани ако искористија барем дел од шансите ќе забележаа и поубедлива победа.
Детонит на свој терен ја победи Слога (В) со 1:0 и освои екстра значајни три бода.
Изненадувачки, Преспа со 5:0 просто ја декласира Победа, клуб кој некогаш “дрмаше“ со мак – фудбалот.
Охрид успеа со 2:0 да го победи Осогово, а Новаци со 3:2 беше подобар од Вардар (Н). Кожуф како гостин славеше со 1:3 кај Саса.
РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО
Скопје – Шкендија 2:2
Охрид – Осогово 2:0
Преспа – Победа 5:0
Новаци – Вардар (Н) 3:2
Саса – Кожуф 1:3
Г.Коњари – Беласица 1:7
Детонит – Слога (В) 1:0
ПОНЕДЕЛНИК, 16 Ч
Брегалница – Тетекс