Мануел Аканџи го напушти Манчестер Сити за време на преодниот рок, по што индиректно го обвини Пеп Гвардиола за ситуацијата на „Етихад“. Каталонецот е на удар веќе некое време, делумно затоа што тимот игра лошо, делумно затоа што „лута“ со изборот на играчи и ги акумулира на сите позиции.
Токму поради оваа акумулација на крајот од сезоната, Аканџи мораше да си замине, исто како Џек Грилиш, Џејмс МекАти, Витор Реис, Клаудио Ечевери. „Тоа ни беше многу јасно на сите нас, дека од шесте централни дефанзивци, двајца можат да играат, двајца можат да бидат на клупата. За другите, беше многу тешко, бидејќи не е убаво да се чуе кога нема место за тебе дури ни на клупата, бидејќи секогаш очекувам да играм и да бидам на теренот“, рече Аканџи, а кога го прашаа зошто Пеп дошол во таа ситуација, тој одговори: „Тоа ќе мора да го прашате него.Тешко ми е да разберам дека во овој момент одеднаш повеќе не сум дел од семејството на Сити, иако чувствував дека припаѓам таму. На крајот, сè се случи многу брзо, дури и не видов никого од моите соиграчи во понеделник кога заминав, бидејќи немавме тренинг. Јас и моето семејство се чувствувавме удобно во Манчестер и дефинитивно ќе ни недостигаат“, рече Швајцарецот.
Инаку Аканџи е веќе дел од Интер.