Каква сензација: Финска ја елиминираше Србија уште во осминафиналето на ЕП 2025

253
фото: fiba.basketball

Првиот фаворит за златото на Евробаскетот 2025, селекцијата на Србија доживеа целосен дебакл во осминафиналето и на крајот загуби од Финска со 92:86. Финска од самиот почеток покажа дека улогата на аутсајдер во овој натпревар не им значи многу, а Марканен и останатите негови соиграчи ја решија првата четвртина во нивна корист со 28:24.

Во вториот дел, избраниците на Светислав Пешиќ одиграа подобро и го добија вториот дел во своја корист, па резултатот од првото полувреме беше 54:48 за Финска.

Во последниот дел, Финска ја заврши работата и ја сопре селекцијата на Србија во осминафиналето. Лаури Марканен постигна 29 поени, Јантунен имаше 15, а Миро Литл заврши со 13 поени.

Во селекцијата на Србија Никола Јокиќ имеш со 33 поени, а Јовиќ и Добриќ завршија со 18, односно девет поени.

ПретходноКвалификации за СП 2026: БиХ го прегази Сан Марино, Ирците извадија реми со Унгарија
СледноЕкс – стоперот на Сити „удри“ по Гвардиола!