Квалификации за СП 2026: БиХ го прегази Сан Марино, Ирците извадија реми со Унгарија

67
фото: ŽELJO BASE (X)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина оствари убедлив триумф на гостувањето против Сан Марино со резултат од 6:0 и со тоа го задржа максималниот учинок од четири победи во исто толку одиграни натпревари во квалификациите за СП 2026.

Џеко постигна два гола за Бих, а по еднаш погодија Тахировиќ, Баждар, Алајбеговиќ и Мујакиќ.

Во вистинска драма, Р. Ирска се избори за реми со Унгарија (2:2), иако гостите долго време имаа и предност од 0:2.

Во последниот дуел вечерва, Австрија ја совлада селекицјата на Кипар со 1:0 со голот на Сабицер од пенал.

ПретходноЛазаров: Разочаран сум од некои играчи! Ако зборуваме генерално, задоволен сум од играта!
СледноКаква сензација: Финска ја елиминираше Србија уште во осминафиналето на ЕП 2025