Новак има се помалку надеж дека може против „ѕверовите“: Не велам дека ќе се откажам, но…

245
ФОТО: US Open/FB

Новак Ѓоковиќ не успеа. Стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на САД, што за 99 проценти од тенисерите би било резултат на кариерата, но тоа не е доволно за него. Србинот беше поразен од Карлос Алкараз.

Тој нагласи дека мисли дека има поголеми шанси да ги победи Јаник Синер или Карлос Алкараз во натпревар од два сета отколку во натпревар од три сета, а кога го прашаа какви се неговите планови до Отвореното првенство на Австралија, не можеше многу да открие.

„Далеку е, Австралија е далеку, во оваа фаза од мојата кариера не размислувам толку далеку, искрено. Не знам. Планирам да играм на турнирот во Атина, тоа е сигурно, но освен тоа, навистина постои прашалник каде ќе одам и што ќе правам“, рече Новак.

Турнирот во Атина ќе се игра од 2 до 8 ноември и всушност е Отвореното првенство на Србија кое е преместено во Грција. На неговиот турнир, Новак сака да настапи, ќе видиме со каков успех и против кого.

Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата истакна дека верува оти има поголеми шанси да ги победи двајцата најдобри тенисери во светот во натпревари од два сета, па затоа беше прашан дали планира да игра повеќе вакви турнири.

„Ќе видиме, морам да се справам со тоа со мојот тим, но дефинитивно го чувствувам тоа по сезоната на Гренд слем оваа сезона. Нема да кажам дека ќе ги прескокнам Гренд слем турнирите и сепак сакам да ги играм сите следната сезона, ќе видиме дали тоа ќе се случи. Но, навистина мислам дека имам повеќе шанси на турнири што се играат во два освоени сета, турнири што се играат една недела или Мастерс каде што имате две недели со многу денови помеѓу натпреварите. Тоа би ми помогнало во натпреварите со нив“, заврши Новак.

ПретходноНоле не успеа да им ги расипе плановите: Синер vs Алкараз во финалето на УС Опен
СледноСуарез доби убава суспензија за плукањето на помошниот тренер