Томас Тухел остро критикуваше тројца англиски играчи пред натпреварот во Србија!

241

Селекторот на Англија, Томас Тухел, не беше задоволен од играта на своите играчи во победата од 2:0 против Андора.

Тухел на овој натпревар му подари деби за репрезентацијата на играчот од средниот ред на Нотингем Форест, Елиот Андерсон, и тоа на натпреварот кој се одигра на „Вила Парк“.

Овој фудбалер одигра навистина добар натпревар, што сите го препознаа, па на крајот од средбата беше прогласен за играч на натпреварот.

Натпреварот заврши со рутинска победа на Англија, но тие се мачеа да го постигнат првиот погодок против Андора, што се случи во 25. минута од натпреварот. Потоа продолжи вистинска мака за Англичаните, но успеаја да постигнат уште еден гол и да ја продолжат својата победничка серија во квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи следната година.

Сега следи најтешкиот тест за Тухел, бидејќи Англија патува во Белград каде ќе игра против Србија, а Тухел најави промени во составот.

Говорејќи за ITV Sports по натпреварот во Бирмингем, Тухел прозва три играчи за кои смета дека морале да понудат повеќе. Покрај тоа, тој го пофали и Андерсон кој дебитираше и одигра одличен натпревар синоќа.

„Андерсон беше многу, многу, многу добар. Беше малку нервозен во текот на неделата, но беше навистина добар, се обидуваше и работеше добро.“

Но сите добија пофалби од Тухел.

„Ни недостасуваше да ја забрзаме играта во одредени моменти. Можеби Ебз (Еберечи Езе) можеше да има подобар ден на својата позиција, додавањето кое го направи Мадуеке не беше добро, а и Рашфорд можеше да постигне неколку голови.

Такви работи се случуваат против просечни тимови. Мораше порано да го постигнеме тој втор гол за да добиеме слобода во играта. Научивме многу и ми е драго за играчите. Сега сакаме да покажеме што можеме во Белград“, рече Тухел.

Јасно е дека Англичаните против Србија сакаат победа на гости, но ако играат како синоќа, прашање е дали ќе ја остварат.

ПретходноДарко Чурлинов: Секоја репрезентација која гостува во Скопје треба да знае каде доаѓа!
СледноКвалификации за СП 2026: Шпанија ја “распарчи“ Турција, Белгија го “торпедира“ Казахстан, четата на Нагелсман се мачеше…