Бојан Илиевски: Кога се игра за репрезентацијата тоа е нешто посебно!

61
ФОТО: FFM.MK

Десниот бек на Струга ТЛ, Бојан Илиевски одигра уште еден одличен меч за нашата репрезентација. И на овој меч имаше асистенција, а по победата над Лихтенштајн секако дека и нашиот дефанзивец беше задоволен, како од неговиот настап, уште повеќе од победата на Македонија:
“Јасно е дека сум среќен за асистенцијата, но многу посреќен за победата. Ние живееме како едно семејство и се обидуваме да ја исполниме секоја задача на селекторот. Горд сум што сум претставник од ПМФЛ, секогаш е поразлично кога играте во дресот на репрезентацијата, тоа си има посебна тежина“ рече покрај другото Илиевски.

ПретходноСелекторот на Лихтенштајн: Македонија има златна генерација, има големи шанси да се пласира на СП!
СледноПоцеко не е веќе селектор на Италија!