Бравура на Елмас, Македонија води на полувреме против Лихтенштајн (ВИДЕО)

187

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра петтиот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања против селекцијата на Лихтенштајн.

На полувреме резултатот е 1:0, а Македонија поведе во 15. Минута со голот на Елиф Елмас. И тоа каков. „Дијамантот“ речиси сам ја совлада целата одбрана на гостите кога поведе една топка по таа негова лева страна и мина во „слалом“ тројца дефанзивци. Шутираше под голманот Букел, кој беше немоќен да стори нешто повеќе.Во последните моменти од полувремето, Елмас уште еднаш се обиде по земја, но овојпат голманот на Лихтенштајн беше на виси на задачата. Со ударот на Трајковски судијата означи крај на првите 45. минути.

Македонија има тотална контрола на дуелот, поседот на топката е во огромен процент на наша страна и во моментов се оди во наша полза на овој натпревар.

Голот може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Македонија – Лихтенштајн (1:0)

Арена Филип Втори

Гледачи: 7000

Стрелци: Елмас 15 (М)

Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски Зајков, Алиоски, Барди, Чурлинов, Трајковски, Елмас, Миовски, Алими

Лихтенштајн: Бухел, Хофер, Трабер (Бек 38), Малин, Гопел, Селе, Хаслер, Луцингер, Волфингер, Саглам, Луке Нораро

 

 

ПретходноПешиќ по дебаклот на ЕП: Каква оставка! Зошто?
СледноТомовски уште еднаш фантастичен, постигна и гол!