Бројки: Алекс во очекување на јубилејниот 25-ти гол, Џани по 87-ти пат за Македонија, Столе, Елмас, Барди…

82
ФОТО: FFM.MK

И повеќе од јасно е дека Македонија денеска против Лихтенштајн не само што ќе оди на победа туку и дека мора да победи. Со тие три бода повторно сме лидери на табелата и со тоа натаму го одржуваме мундијалскиот сон.

Кога сме кај бројките тогаш да кажеме дека Алекс Трајковски, херојот од Палермо, стрелецот на најубавиот гол во историјата на репрезентацијата и тоа со А. Арабија пред три дена, е во очекување на својот јубилеен 25 погодок. По Горан Пандев (38), Алекс е убедливо најдобриот стрелец во репрезентацијата а е во очекување и на својот 96-ти меч. Значи “стотката“ се наближува.

Езѓан Алиоски по 87-ти пат ќе го облече дресот на Македонија, со што и натаму ќе биде четвтрти на вечната листа.

Голманот Столе Димитриевски ќе застане на голот по 82 пат и со тоа ќе израмни со Стефан Ристовски.

Дијамантот Елиф Елмас против Лихтенштајн ќе го одигра својот 71 натпревар, притоа досега има постигнато 13 голови, еве шанса овој скор да биде поправен.

Капитенот Енис Барди ќе заигра за Македонија по 76-ти пат, во очекување сме и на некој гол, а досега има 18, што го прави да биде трет на листата во историјата во овој сегмент.

ПретходноКармело Ентони и Двајт Хауард нови членови во „Куќата на славните“
СледноКапитенот на Финска на соиграчите обично им ја пушта Цеца: Тоа би било непочитување на Србија!