Макс Верстапен ја освои Големата награда на Италија. Победи пред Мекларен – Ландо Норис и Оскар Пијастри. Пијастри и понатаму е лидер во вкупниот пласман, но Норис сега го намали заостатокот и дополнително ја закомпликува борбата за титулата шампион.
Верстапен стартуваше од првата позиција и ја задржа на почетокот, но го натера Норис да излета од патеката, поради што мораше да му ја врати водечката позиција. Сепак, на почетокот од четвртиот круг го претекна Англичанецот и се врати на првото место. Од тој момент, само ја зголемуваше предноста и се оддалечуваше од Мекларен.
Грешка на Мекларен во боксот
Интересно беше што и едните и другите многу долго останаа на патеката и ја одложуваа промената на гумите колку што е можно повеќе. Верстапен влезе во боксот во 38. круг и стави хард гуми, а се чекаше одлуката на Мекларен дали на своите возачи ќе им даде софт гуми.
Така и направија, но имаше проблеми при промената на гумите на болидот на Норис, поради што пропадна стратегијата на Мекларен во последните неколку круга да се обидат да го стигнат Верстапен со побрзите гуми. Холанѓанецот ја запиша победата.
Во вкупниот пласман и натаму води Пијастри со 324 бода, Норис е втор со 293, а трет е Верстапен со 230 поени.
“Fantastico! Well done, mate”
Max and GP celebrate over the radio 📻#F1 #ItalianGP pic.twitter.com/BfwmH5iVqA
— Formula 1 (@F1) September 7, 2025