Фудбалската репрезентација на Италија дебитираше против Естонија во рамките од тековните Мундијалски квалификации со Џенаро Гатузо како селектор. Контроверзниот тренер секогаш со себе носи и интересни приказни за однесувањето и мотивацијата на неговите играчи, и тоа не изостана и сега.
Алесандро Бастони, еден од репрезентативците на Италија по мечот изјави дека „заспаните“ Азури на полувреме откако одиграа само 0:0 во првиот дел, биле „разбудени“ со неколку шлаканици од страна на селекторот.
„Не е тајна дека бевме „разбудени“ од шлаканиците на тренерот, а јас добив и еден во пределот на вратот – рече Бастони.