Грузија ја декласира Бугарија!

70
ФОТО: Georgia national football team/FB

Во меч од квалификациската група Е, селекцијата на Грузија на свој терен во Тбилиси со 3:0 успеа да слави над Бугарија и со тоа да дојде до првата победа во својот втор квалификациски меч за пласман на СП 2026.

Домашните фудбалери предводени од ѕвездата на ПСЖ, Квича Кваерацкелија во целост ја надиграа гостинската селекција. Токму Кварацкелија со голот во 30.минути го отвори резултатот, за да во 44.минута Гагнидзе зголеми на 2:0, па така со тој резултат се замина и на пауза.

Конечните 3:0 беа поставени преку Микаутадзе во 65.минута.

Како што посочивме веќе, ова се први бодови за Грузија, а Бугарија по поразите од Шпанија и Грузија остана без бодови.

ПретходноИталијанките после 23 години повторно на светскиот одбојкарски врв
СледноЏикиќ испиша историја, па порача: Велеа дека до тука дојдовме случајно!