И Дарко Чурлинов, како и сите останати наши репрезентативци и тоа како до даде својот придонес во победата на Македонија над Лихтенштајн со 5:0. Нашиот офанзивец во 56.минута зголеми на 3:0.
Еве што кажа Чурлинов по средбата и победата против Лихтенштајн:
“Го дадовме на терен тоа што беше договорено и резултатот си дојде сам по себе. Релаксирачки натпревар нема денеска, никој не може да влезе на терен со 70-80 насто, посебно кога се игра за репрезентацијата на Македонија. И така треба да биде. Секоја репрезентација кога ќе дојде овде треба да знае кај доаѓа. Имаме интересни натпревари пред нас кои ќе бидат одлучувачки, треба да дадеме се од себе“.