Елиф Елмас и дефинитивно покажа зошто е нашиот Дијамант. Со прекрасен, фантастичен гол бо таа 15.минута го “отвори“ Лихтенштајн за 1:0 и потоа се беше полесно.
Тоа беше еден од неговите најубави, ако не и најубав гол за Македонија.
Еве што кажа по мечот:
“Мислам дека одигравме квалитетен натпревар. Знаевме дека ова се многу важни бодови, и затоа освоени се три важно бода.Секако дека не очекуваат и натаму важни натпревари, но ние секогаш одиме на победа. Пред нас е тежок период. Со ладни глави треба да го исполниме нашиот детски сон. Просто се ежам кога се говори за Мундијалот. Секако ние даваме се од себе да ги исполниме нашите соништа, но и соништата на многу деца“.