ЕП 2025: Магична партија на Дончиќ! Словенија во драматичен меч ја победи Италија!

88
ФОТО: FIBA.COM

Лука Дончиќ е кошаркарско ЧУДОВИШТЕ. Речиси сам ја победи Италија и ја однесе Словенија во 1/4 финалето на мегдан со Германија.

Вечерва Словенија со 84:77 успеа да ја победи Италија, а Лука Дончиќ го постигна половина од поените на Словенија, вкупно 42.

Во првата фаза од средбата Лука и дргарите доминираа, имаа и убедливо водство, но Италија се врати во игра и тоа како.

И токму кога беше најпотребно, Дончиќ и другарите одиграа навистина добро, знаеја како треба и на крајот заслужено победија и ја пратија Италија дома, а тие си закажаа мегдан со Германците.

ПретходноТомовски уште еднаш фантастичен, постигна и гол!
СледноМакедонија го гази „Мундијалскиот пат“ (ВИДЕО)