ЕП 2025: Јанис ја однесе Грција во следната фаза, познати се сите четвртфинални двојки!

81
ФОТО: FIBA.COM

Лесно и е на Грција кога во своите редови има таква мега – ѕвезда како Јанис Адетокунбо. Еден од најдобрите кошаркари во НБА и во светот, вечерва во последниот меч од осминафиналето на ЕП 2025 против Израел, успеа да постигне 37 поени, а крајниот резултат беше 84:79.

Од ова се гледа како одиграл Јанис, тој сам ја однесе селекцијата на Грција во четвртфиналето.

Па така сега се познати сите двојки во оваа фаза од ЕП 2025:

09.09.2025:

Литванија – Грција

Турција – Полска

10.09.2025:

Германија – Словенија

Финска – Грузија

По ова познат е и пласманот од 9. до 24.место на ЕП.

9.Франција,10.Србија, 11.Италија, 12.Летонија, 13.Израел, 14.БиХ, 15.Португалија, 16.Шведска, 17.Шпанија, 18.Белгија, 19. Естонија, 20.Црна Гора, 21.В.Британија, 22. Исланд, 23.Чешка, 24.Кипар

ПретходноКвалификации за СП 2026: Шпанија ја “распарчи“ Турција, Белгија го “торпедира“ Казахстан, четата на Нагелсман се мачеше…
СледноКарлито е КРАЛОТ на УС Опен!