Италијанките после 23 години повторно на светскиот одбојкарски врв

50

Италијанската женска одбојкарска репрезентација ја победи Турција со 3-2 во финалето на 20-тото Светско првенство, што се одржа во Бангкок. „Азуринките“ ја освоија својата втора титула во историјата, прва по 23 години, по драматичен натпревар во пет сета против одличниот турски тим.

Тај-брејкот донесе одличен настап на Италијанките и ја потврди нивната доминација во планетарната одбојка, бидејќи додадоа светска титула на својата олимписка титула.

Бразилската женска одбојкарска репрезентација го освои бронзениот медал на Светското првенство во Бангкок, откако ја победи јапонската репрезентација со 3-2 во драматичен натпревар за третото место.

ПретходноПромашено засилување на МЗТ Скопје, Американецот не ги минал лекарските прегледи
СледноГрузија ја декласира Бугарија!