Српската кошаркарска репрезентација беше шокантно елиминирана од Евробаскетот од Финска во осминафиналето, губејќи со 86:92. Србите беа главни фаворити пред турнирот, а беа и големи фаворити според обложувалниците против Финците. Коефициентот за победа на Србија беше 1,05, а за Финска 12. Сепак, Финска сензационално победи и слави голем успех.
Нејзиниот капитен Сасу Салин е голем обожавател на српската музика. Веројатно се навлекол на неа за време на петгодишното играње за Олимпија Љубљана. Во интервју за Мондо пред натпреварот, тој откри: „По победите, на соиграчите им ги пуштав Милиграм, Цеца, а имаше и други балкански уметници како Северина, Неда Украден“.
Откако Финска ја победи Србија, српските новинари го прашаа Салин дали „ќе го исполни своето ветување и ќе ја свири Цеца за моите соиграчи?“ Салин одговори: „Не сакам да покажам непочитување кон Србија. Значи, вечерва нема да има српска музика“.