Квалификации за СП 2026: Шпанија ја “распарчи“ Турција, Белгија го “торпедира“ Казахстан, четата на Нагелсман се мачеше…

86
ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB

Вечерва се одиграа неколку натпревари од квалификциите за СП 2026. Фудбалска Турција ќе го памети вечно овој 7 септември 2025 година зошто на свој терен, во Коња беше понижена од Шпанија со неверојатни 0:6.

Невиден срам за Турците. Мерино постигна хет-трик, а стрелаа и Педри во два наврати и Феран Торес.

Во меч од нашата Ј група, очекувано Белгија со 6:0 убедливо го победи Казахстан. Во секој случај доминација на фаворитот а “тресеа“ Де Брујне и Доку по двапати, потоа Раскин и Мение.

Претходно Холандија како гостин едвај победи во Литванија со 2:3, а за одбележување е тоа што Депај од вечерва е најдобриот стрелец во историјата на Холандија со 52 голови.

Германија ја победи С. Ирска со 3:1, но до 69.минута беше 1:1, но затоа Амири и Вирц кој постигна прекрасен гол од слободен удар донесоа триумф и ја спасија својата репрезентација од срам.

Словачка како гостин славеше на гости кај Луксембург со 0:1 и тоа со голот на Риго во 90.минута.

И Полска со 3:1 беше подобра од селекцијата на Финска, стрелци беа Каш, Левандовски и Камински.

ПретходноТомас Тухел остро критикуваше тројца англиски играчи пред натпреварот во Србија!
СледноЕП 2025: Јанис ја однесе Грција во следната фаза, познати се сите четвртфинални двојки!