Македонската фудбалска вечерва со почеток од 18:00 часот на домашен терен на Арената Тодор Проески го игра петтиот дуел од ектуелната Мундијалска квалификациска кампања. Противникот е по мерка. Репрезентацијата на Лихтенштајн која што во Скопје пристигнува реално во вистински момент. Ние сме по четири кола со осум бодови на табелата и реални шанси на крајот од оваа кампања да направиме нешто големо. Евентуалниот триумф денеска ќе ни донесе тринбода повеќе на нашето конто и повторно лидерска позиција во групата, онаму каде што бевме и пред овој септемвриски квалификациски прозорец.
Се е во наши раце. Поточно во рацете на избранизите на селекторот Благоја Милевски. Шансата е тука и реално не смееме да ја пропуштиме. Никој ниту смее ниту сака да го потцени противникот, ниту тоа ќе се случи, но реалноста е следна. Лихтештајн нема, не смее и не треба да биде пречка во реализацијата на нашите Мундијалски соништа.
Нам ни оди се во прилог. И статистика и атмосфера и позиција на табела. Да, загубивме на пријателскиот дуел против Саудиска Арабија пред два дена во Прага, но тоа апсолутно е неважно во моментов. Тој меч, требаше, а и послужи за детектирање на аномалиите во играта и проверка на оние кои се борат за место во стартните единаесет.
Позитивната серија и натаму е активна
Македонската фудбалска репрезентација на единаесет официјални мечеви е непоразена. Да, единесет мечеви од квалификациски карактер или оние од Лигата на Нациите, Македонија не е поразена. Тоа се фактите, и статистиката зад кои што стоиме сите.
Атак од првата минута
Македонија вечерва треба да нападне. И тоа од првата минута. Како што рече нашиот капитен Енис Барди на официјалната прес конференција пред вечерапниот дуел, посебен мотив кога се игра за националниот тим не треба да има. Затоа што дресот со државен грб е самиот по себе мотив. Затоа момци вечерва, храбро и сконцентрирано од првата секунда, а потоа мислите да ги насочиме кон Белгија и Велс двете преостанати пречки кон остварување на нашиот вечен сон. Настап на Мундијал.