Македонија го гази „Мундијалскиот пат“ (ВИДЕО)

152

Македонската фудбалска репрезентација сигурно го оди патот кои води верувале или не кон Мундијалот. Она што некогаш за нашиот национален тим беше мисловна именка сега е реалност која што самите си ја овозможивме и која што реално и ја живееме.

Македонија е лидер во групата за Мундијалските квалификации затоа што вечерва на домашен терен успеа да слави над аутсајдерот Лихтенштајн со убедливи 3:0 и уште еднаш во оваа кампања да докаже дека има сериозен квалитет, генерација која што игра одлично и тим кој дише како еден.

Селекторот Милевски очигледно дека склопи екипа која што е кадарна за големи нешта и која што игра мечеви во кои бодовите веќе не се случајност туку награда за добро сработената задача на терен.

Бравурата на Елмас ни донесе водство

На овој дуел Македонија во ниту еден момент не дозволи изненадување. Рано, уште во 15. Минута го отвори резултатот што секако беше примарна цел. Стојчевски ја започна акцијата од лево, а Елмас во негов препознатлив стил, со „слалом“ мина четворица дефанзивци на Лихтенштајн и погоди под голманот Бухел. Како забелешка од првото полувреме доаѓаат ударите во последните моменти од тој дел повторно на Елмас, а потоа и на Трајковски.

„Блиц крик“ за четири минути во вториот дел

Продолжението на мечот не донесе ама баш никаква промена на она што се случуваше на терен. Македонија доминантна, активна во третата зона, онаа пред противничкиот гол, па по ударот на Барди преку голот, пристигна и голот на капитенот. Прекрасна комбинација на Чурлинов и Бојан Илиевски по десната страна, бекот влезе во шеснаесетникот на Лихтенштајн и прекрасно со повратна топка го „вработи“ Барди. Овој од „прва“ забива за двојно водство на Македонија. По само четири минути игра, односно во 56. Минута, нова акција по десно во која Чурлинов се најде во не така идеална позиција, но идеално под гредата шутираше неодбранливо.

Растодер, Рамадани и Станковски официјално дебитираа за Македонија, Ќамили ја „завери“ победата, дебитантски гол на „Гама“

Конечно, Македонија по направените измени во кои деби настап за нашиот национален тим забележа Елмин Растодер, односно Решат Рамадани на официјални мечеви, ме одстапи од стратегијата да погоди што повеќе пати во противничката мрежа. Токму Растодер имаше прекрасна асистенција за Миовски кој погоди за 4:0, но голот беше поништен поради офсајд.

Во 81. минута Лирим Ќамили на добрата акција од лево, се најде на вистинско место во срцето на шеснаесетникот и реализираше за 4:0. Конечно во последните моменти од мечот Лука Станковски се најде осамен на вториот дирек и не му беше тешко да го псотигне својот дебитантски погодок за А репрезентацијата на Македонија, постатувајќи ги конечните 5:0 на овој дуел.

Македонија – Лихтенштајн 5:0 (1:0)

Арена Филип Втори

Гледачи: 7000

Стрелци: Елмас 15, Барди 52, Чурлинов 56, Ќамили 81, Станковски 90 (М)

Македонија: Димитриевски, Илиевски, Стојчевски Зајков, Алиоски, Барди, Чурлинов (Ќамили), Трајковски (Растодер 59), Елмас (Станковски 83), Миовски (Ристовски 71), Алими (Рамадани 71)

Лихтенштајн: Бухел, Хофер(Обервадзицер 46), Трабер (Бек 38), Малин, Гопел, Селе, Хаслер, Луцингер (Хеслер 61), Волфингер (Маер 61), Саглам, Луке Нораро

 

 

 

ПретходноЕП 2025: Магична партија на Дончиќ! Словенија во драматичен меч ја победи Италија!
СледноСТРАШНА МАКЕДОНИЈА: Моќно, елегантно, речиси ПЕРФЕКТНО!(ФОТОГАЛЕРИЈА)