Најдобриот македонски фудбалер на 20 век и жива легенда на македонскиот фудбал, и спорт воопшто, Дарко Панчев денеска полни 60. години. Панчев е роден на 7 септември 1965 година во Скопје, и по професионалните ангажмани, во Белград, Милано и Германија, повторно се врати во својот роден град, каде што живее и ден денес.
Дарко Панчев, беше, е и ќе остане засекогаш, икона на македонскиот фудбал. Олицетворение на едни времиња во кои милиони навивачи, тука но и ширум екс југословенските простории во него гледаа идол. Златната копачка на Европа, своевремено најдобриот напаѓач во на Стариот континент, ги полнеше трибините со своите фудбалски вештини и ќе остане запаметен како еден од најдобрите не само на својата генерација, туку воопшто кој што се појавил на овие простори.
Најдобриот играч на Вардар на сите времиња, Панчев денеска живее мирен живот, присутен е во јавноста со интервјуа и појавувања во најралични емисии. Имаше до неодамна функција во ФК Вардар, во која што пред се се бавеше со младинските категории и со пронаоѓање на таленти.