Шокантниот пораз на репрезентацијата на Србија од Финска и елиминацијата во осминафиналето од ЕВРО баскетот очигледно има сериозни последици не само кај кошаркарите и стручниот штаб на оваа репрезентација.
Имено, по завршувањето на синоќешниот натпревар помош од лекарите побарал и долгогодишниот коментатор и новинар на РТС, Слободан Шаренац кој и го работел преносот на мечот.
Уште за време на истиот се видело дека на Шаренац не му е добро, дека бојата на неговиот глас не е онаа типичната, а по мечот тој самиот побарал лекарска помош. Извори од таборот на Србија велат дека тој неколку дена се борел со вирус и веројатно со труење од храна.