Нова сензација на ЕП: Македонија го избрка, а тој со Грузија ја „тресна“ Франција за 1/4 финале

140
Фото: ФИБА

Уште еден драматичен и неизвесен меч на Европското првенство. Победникот помеѓу Франција и Грузија беше решен во самиот финиш, а четвртфиналниот билет му припадна тимот предводен од Александар Џикиќ, кој за противник ќе ја им селекцијата на Финска. Грузија славеше со 70-80, Шенгелија постигна 24 поени, исто колку и Болдвин.

Џикиќ е поранешен селектор на Македонија, иако беше на одличен пат со националниот тим сепак тогашното раководство на чело со Петар Наумоски реши да му врачи отказ. Од денешна перспектива, и резултатите наназад, се чини е направена голема грешка.

Грузија во голем дел од мечот имаше водство, на стартот на последната четвртина успеа да поведе и со девет коша разлика 54-63, но Франција успеа да врати со 6-0 и да дојде на 61-63 на 5:30 минути до крајот. Ова беше период во кој избраниците на Џикиќ влегоа во серија на грешки и промашувања. Шенгелија на момент ги разбуди своите соиграчи, но веќе дуелот ја доби посакуваната драматична завршница. Франција изедначи на 66-66.

Шенгелија и Болдвин постигнаа важни поени за 68-74 на помалку од минута до крајот. Франција не успеа да се врати, останаа 30 секунди и плус осум за Грузија, доволни за победа.

ПретходноРуска ракета го погоди домот на украински репрезентативец
СледноАлекс Маркез победник за ГН на Каталуња!