Пешиќ по дебаклот на ЕП: Каква оставка! Зошто?

89
ФОТО: FIBA.COM

Вчера Србија им приреди шок на своите фанови. Кошаркарска Србија е во шок. Репрезентацијата која беше посочувана како најголем фаворит за златото беше елиминирана од Финска во 1/8 финалето на ЕП.

И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека се бараат одговори од селекторот Светислав Пешиќ, кој на прашањето дали ќе се поднесе оставка, покрај другото одговори:

Никогаш не поднесувам оставка. Зошто да поднесам оставка? Дојдов тука да го направам она што го направив и го направив, кога никој не сакаше, го прифатив. А тука по Олимписките игри, никој не сакаше, го прифатив затоа што чувствував одговорност кон играчите. Имаме таков договор до крајот на септември. Ќе седнеме, ќе разговараме, секогаш сум тука, достапен сум за секаков вид помош. Оставки… Ова не е фудбал, ова е кошарка, оставки не се даваат“, објасни Пешиќ.

ПретходноНепријатни сцени на Арената: Колабираше навивач на Лихтенштајн!
СледноБравура на Елмас, Македонија води на полувреме против Лихтенштајн (ВИДЕО)