На нешто повеќе од еден час пред почетокот на натпреварот Македонија – Лихтенштајн, селекторот Благоја Милевски го објави стартниот состав.
Јасно и очекувано, тоа ќе биде офанзивен состав со кој Македонија против аутсајдерот ќе оди со сите сили по нова победа. Во нападот со Миовски, Трајковски, Елмас, Чурлинов.
Ова е стартниот состав на нашата репрезентација:
Димитриевски, Илиевски, Стојчевски, Зајков, Алиоски, Алими, Барди, Елмас, Чурлинов, Трајковски, Миовски.
Мечот се игра од 18 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Ова е натпревар од квалификациската група Ј за пласман на СП 2026.
Во случај на победа и нови три бода, Македонија повторно ќе се врати на лидерската позиција на табелата.