Она што беше најавено уште пред неколку дена, добива на официјализација. Вардар има нов голман во името на Ведран Ќосевски, досегашниот чувар на мрежата на екипата на Струга Трим Лум.
Ќосевски си замина од таму пред неколку дена, а еве сега потпишува за нашиот најтрофеен клуб, правејќи ја конкуренцијата во Вардар уште поголема на секоја позиција, па и на голманската.
Ќосевски е некогашен У21 репрезентативец на Босна и Херцеговина, кој што извесно време е дел од нашиот ПМФЛ шампионат. Неговите квалитети се неспорни бил дел и од најдобрите единаесет на ПМФЛ сезоната во изминатите години.
Па така, сега добива шанса да биде дел од Вардар, клуб, кој што сериозно атакува на двојната круна во домашниот шампионат, но во исто време прави тим и за интернациоанлна сцена.
Во последните денови од преодниот рок Вардар доведе неколку имиња, како на пример повремениот македонски репрезетативец на Македонија, Давид Бабунски, двата интернационалци од Уганда, а еве сега и Ведран Ќосевски како круна на исклучително богатиот преоден рок кога станува збор за „црвено – црниот“ табор.
Ќосевски потпишува договор на една година.