Откако селекцијата на Италија во осминафиналето претрпе пораз од Словенија, и со тоа елиминација од ЕП 2025, селекторот Џанмарко Поцеко истакна дека си заминува од селекторското место и дека веќе не е предводник на Италија:
„Ова беше мој последен меч како селектор на Италија. Сакам да му се заблагодарам на претседателот на федерацијата што ми ја даде оваа шанса, од срце сум благодарен за тоа, ми беше чест да ја имам оваа улога во нашата кошарка. Mи беше чест да ги предводам овие момци, им реков и во соблекувалната, нема да најдат селектор што ќе ги сака повеќе од мене. Искрено ми е жал што завршувам со овој пораз, верував во подобар резултат“.