Промашено засилување на МЗТ Скопје, Американецот не ги минал лекарските прегледи

91
Фото: МЗТ Скопје/Фејсбук

МЗТ Скопје останува без едно од предвидените засилувања или на списокот има еден промашен кошаркар. Грегори Џонсон не ги минал лекарските прегледи, па се враќа назад во САД.

„Подготовките, за жал, ќе ги продолжиме без ниското крило од САД Грегори Џонсон, кој не ги мина лекарски прегледи поради повреда добиена во последните денови пред доаѓањето во Скопје.

Нашиот медицински тим направи голем напор да го оспособи, но проблемот е сериозен и бара подолг период на опоравување надвор од теренот.
Поради ова, договорот со Џонсон воопшто не ни стапи во сила и тој деновиве ќе си замине од Скопје, а клубот ќе нема никакви обврски кон него.

Истовремено, веќе бараме ново засилување на неговата позиција, со цел максимално подготвени да ја дочекаме новата сезона“, се вели во известувањето на МЗТ Скопје. 

ПретходноВерстапен славеше во Италија – Норис му дише во врат на Пијастри
СледноИталијанките после 23 години повторно на светскиот одбојкарски врв