Македонската фудбалска репрезентација до 21. година на стартот на новиот квалификациски циклус загуби во Полска со високи и убедливи 3:0. Младите не успеаа да одиграат како што посакуваа, противникот доминираше на терен, создаде повеќе шанси и нормално дел од нив и ги искористи.
Од друга страна пак, вече во вторник нашиот национален тим ќе има можност да поправен. И тоа на најдобриот можен начин. Пред полни трибини на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола каде што ќе биде новата база на нашиот У21 национален тим против фаворитот во групата, репрезентацијата на Италија.
Ние имаме свои мотиви, а противникот веќе има една победа во оваа кампања. На домашен терен во Специа ја совлада селекцијата ја Црна Гора со 2:1.
Македонија мора да смогне сили и да се исправи пред предизвикот и со добра игра да дојде до првите бодови во оваа кампања кои што ќе значат многу за понатамошниот тек на квалификациите.