Руска ракета го погоди домот на украински репрезентативец

87

Украински репрезентативец е меѓу жртвите на уште еден голем напад од страна на руската армија. Синоќа во Киев беше погоден и целосно уништен станот на играчот од средниот ред Георги Судаков, кој игра за Бенфика.

Самиот играч не беше таму, бидејќи моментално е во камп со украинската репрезентација во Полска за квалификациите за Светското првенство.

Сепак, таму живеат и неговата сопруга (8 месеци бремена), нивната ќерка и неговата мајка, кои, за среќа, беа спасени, бидејќи го напуштија местото откако се огласија сирените и се скрија во засолништа.

„Мојата сопруга, мојата мајка и мојата ќерка беа таму“, напиша Судаков на Инстаграм.

Играчот беше стартер за Украина во квалификацискиот натпревар против Франција (0:2) пред неколку дена.

Инаку, самата агресија на Русија во текот на ноќта вклучуваше напад со 800 дронови и 13 ракети, што резултираше со две жртви.

ПретходноПСЖ го обвини лекарскиот тим ан Франција за повредите на двајца играчи
СледноНова сензација на ЕП: Македонија го избрка, а тој со Грузија ја „тресна“ Франција за 1/4 финале