Сабаленка ја одбрани титулата на УС Опен

50

Арина Сабаленка ја одбрани тутлата на УС Опен освоена и минатата година. Белорусинката во финалето беше подобра од Аманда Анисимова со 6-3, 7-6 (7:3) и со тоа се закити со уште еден Гренд Слем трофеј во кариерата.

Ова за неа е четврти ваков трофеј ако се земат в предвид претходните три освоени. Два на Австралиан Опен и оној овде во Њујорк минатата сезона. Сите се освоени на тврда подлога што ќе рече дека Сабаленка станува доминантна на оваа подлога.

Иако на стартот на финалето не одеше се како што треба за Сабаленка, сепак таа како висински шампион и тоа како добро се справи со тоа. Доживеа два брејка, но истите веднаш ги врати па поведе со 1:0.

И вториот сет не мина без драма, затоа што Сабаленка сервираше за титулата, го загуби тој поен, за да потоа истата ја освои преку тај брејкот.

ПретходноГатузо ги „разбудил“ своите играчи на полувреме со шлаканици
СледноЛихтенштајн ни е редовен муштерија! Вечно ќе останат во сеќавање оние 11:1 пред три децении! (ВИДЕО)