Селекторот на Лихтенштајн: Македонија има златна генерација, има големи шанси да се пласира на СП!

129

Јасно е кога ќе те победи некој со 5:0 тогаш треба да му честиташ и со пиетет да говориш за него. Тоа го стори селекторот на Лихтенштајн, Конрад Фунфштук кој на пресот после натпреварот вечерва на Арената во Скопје покрај другото истакна:

Честитки за Македонија. Одиграа фантастичен меч. Во првото полувреме бевме добро поставени, но голот на Елмас беше одличен. Знаевме дека тој ќе биде најголема закана за нашиот гол. Париравме до 70. минута, но потоа нашата игра падна, а Македонија тоа го искористи. Македонија има златна генерација. На секоја позиција има квалитетен играч и може да се спротивстави на секој ривал. Дури и нерешените резултати против Велс и Белгија покажаа дека ништо не е случајно. Македонија дефинитивно има шанси да се пласира на СП“

ПретходноМилевски: Се што видовте на терен е производ на нашиот професионален однос
СледноБојан Илиевски: Кога се игра за репрезентацијата тоа е нешто посебно!