Во рамките на Мундијалските квалификации, синоќа репрезентацијата на Англија на домашен терен одработи дуел против репрезентацијата на Андора. Конечниот резултат од 2:0, можеби за многумина делува шокирачки, но не и за селекторот Томас Тухел кој е задоволен од она што видел на терен.
„Трите лава“ не одиграа брилијантно, но додадоа три бода и ја забележаа својата четврта победа по ред во групата К. Сепак, Тухел изјави дека Англија едноставно мора да го подигне нивото за следниот меч против Србија. Беше пофален и дебитантот Елиот Андерсон.
„Тој е едноставно многу, многу добар играч. Има физичка градба, многу е подвижен како број шест. Има градба за дуел. Сака да додава, сака да ги пробива линиите, многу е подвижен. Беше задоволство да се гледа. Мислам дека тимот околу него многу му помогна и играше многу добро. Мислам дека денес покажа дека се прилагодува на ситуацијата. Може ли да покаже што покажа на тренинзите? Може ли да покаже што покажа со Нотингем и до 21 година? Играше со голема слобода. Многу брзо влезе во ритам. Мислам дека има физичка градба и став да игра во потешки натпревари. И со овој настап, сигурно е во комбинациа за стартните единаесет и за со Србија.“ – изјави Тухел па додаде.
„Напредуваме. Научив многу. Меѓународниот фудбал е толку различен од клупскиот фудбал. Но, ние напредуваме, многу сум позитивен во врска со групата што беше во кампот сега и начинот на кој се претставија, како се однесуваа, како тренираа и како игравме денес. Апсолутно сум убеден дека сме на вистинскиот пат. Секогаш е од нас да го докажеме тоа“, додаде Германецот.