Џикиќ испиша историја, па порача: Велеа дека до тука дојдовме случајно!

108
Фото: ФИБА

Кошаркарите на Грузија приредија сензација совладувајќи ја Франција со резултат 80:70 во осминафиналето на Евробаскет. Тие во четвртфиналето ќе играат против Финска, која ден претходно ја победи Србија со 92:86.

По натпреварот на новинарите им се обрати Александар Џикиќ, поранешниот селектор на Македонија, сегашен предводник на Грузија, која испиша нова историја.

„Прво на сите, ви благодарам на сите што дојдовте, честитки до Франција. Го прочитав составот на тимот што го победивме, тоа е многу добар тим. Излеговме и мислам дека бевме подготвени за ваков вид кошарка од самиот почеток и на крајот победивме и им честитам на моите момци, персоналот, лекарите, но и на луѓето што дојдоа од Грузија да нè поддржат и ние сме сè уште тука. Луѓето велеа дека дојдовме тука случајно и ако имате какви било прашања, ќе се обидам да им одговорам“, рече Џикиќ.

На прашањето зошто мисли дека Финска може да ѝ се закани на Грузија, тој одговори:

„Финска ја победи Србија, знаете, тие имаат тој начин на игра со многу шутирање однадвор и одличен офанзивен скок, а луѓето се борат цели 40 минути. Ете, кажав три работи. Не се занимавав со другите екипи, само ги следев резултатите. Како беше онаа реченица? Сите играат кошарка? Е, сите играат кошарка.“

ПретходноГрузија ја декласира Бугарија!
СледноНепријатни сцени на Арената: Колабираше навивач на Лихтенштајн!