Карлито е КРАЛОТ на УС Опен!

119
ФОТО: US Open/fb

Карлос Алкараз е победникот на УС Опен 2025 во Њујорк, откако вечерва по наше време,успеа во финалето да слави над својот голем ривал Јаник Синер со 3:1 во сетови. Ова за него шести гренслем трофеј кој го освојува во својата кариера.

Карлито до овој трофеј дојде со уште една фантастична партија, и тоа против својот голем противник. Искрено се очекуваше далеку понеизвесно финале во Њујорк, но сепак се чини дека Синер не беше на своето потребно ниво.

Шпанецот го доби првиот сет со 6:2 во гемови, во вториот сет Италијанецот врати со 6:3 за 1:1. Во третиот сет Карлито покажа зошто во моментов е подобар и му препушти на Синер само еден гем за водство од 2:1 во сетови.

И во решавачкиот четврти сет, Алкараз одново беше подобар и го доби со 6:4 во гемови за конечни 3:1, за победа и за освојување на последниот гренслем турнир за оваа 2025 година.

ПретходноЕП 2025: Јанис ја однесе Грција во следната фаза, познати се сите четвртфинални двојки!
СледноГолем гест на фудбалерите: “Со тебе сме, Ангеле“!