Македонија денеска од 18 часот ќе го пречека Лихтенштајн, во меч од квалификациите за СП 2026. Кога сме кај историјата, ова ќе биде наш 13-ти меѓусебен меч со оваа мала, па и фудбалска, земја. Имаме 11 победи и само едно реми. Гол разликата е 45:5.
За последен пат игравме во март оваа година кога на гости победивме со 3:0, тоа беше првиот меч од овие квалификации.
Сепак вечно ќе остане во сеќавање 9 ноември 1996 година кога во Ешен победивме со 11:1. Тоа е нашата рекордна победа во историјата. На тој меч стрелци беа Главевски 3, М. Стојковски 2, Т.Мицевски 2, Ќириќ 2, Христов, В. Мицевски.
Секако дека ја посакуваме 12-тата победа која и тоа како ќе ни значи.
Ова се сите натпревари и резултати со Лихтенштајн:
24.04.1996 – квалификации за СП 1998
Македонија – Лихтенштајн 3:0
(С. Милошевски, Б. Бабунски, Захариевски)
09.11.1996 – квалификации за СП 1998
Лихтенштајн – Македонија 1:11
(Главевски 3, М. Стојковски 2, Т.Мицевски 2, Ќириќ 2, Христов, В. Мицевски)
08.09.2002 – квалификации за ЕП 2004
Лихтенштајн – Македонија 1:1
(Христов)
07.06.2003 – квалификации за ЕП 2004
Македонија – Лихтенштајн 3:1
(Седлоски, Крстев, Стојков)
12.11.2005 – пријателска
Лихтенштајн – Македонија 1:2
24.03.2017 – квалификации за СП 2018
Лихтенштајн – Македонија 0:3
(Николов, Несторовски 2)
09.10.2017 – квалификации за СП 2018
Македонија – Лихтенштајн 4:0
(Муслиу, Трајковски, Барди, Адеми)
13.10.2018 – Лига Нации
Македонија – Лихтенштајн 4:1
(Трајковски 2, Пандев, Алиоски)
16.11.2018 – Лига Нации
Лихтенштајн – Македонија 0:2
(Барди, Несторовски)
28.03.2021 – квалификации за СП 2022
Македонија – Лихтенштајн 5:0
(Барди, Трајковски 2, Елмас, Несторовски)
08.10.2021 – квалификации за СП 2022
Лихтенштајн – Македонија 0:4
(Д. Велковски, Алиоски, Николов, Чурлинов)
22.03.2025 – квалификации за СП 2026
Лихтенштајн – Македонија 0:3
(Трајковски, Муслиу, Миовски).
ВКУПНО: 12 11 1 0 45:5