Казахстан во Скопје ќе дојде до нов селектор: Прифатена оставката на Алиев

294
фото: kff.kz

Казахстан и официјално во Скопје во октомври ќе дојде со ново селекторско име. Вчера по мечот со белгија, досегашниот селектор Али Алиев поднесе оставка, а денеска претседателот на Казахстанската фудбалска федерација, Марат Омаров, објави дека истата е прифатена.

„Спортскиот оддел ќе одлучи кој ќе биде следниот тренер откако ќе биде избран тимот. Не ни е важно дали ќе биде странец или локален стратег. Секогаш ги разгледуваме професионалните квалификации на тренерот“, изјавил Омаров.

Алиев поднесе оставка од функцијата селектор на фудбалската репрезентација на Казахстан откако селекцијата под негово водство претрпе четири последователни порази.

ПретходноЗошто никој не ја сака „деветката“: По 126 години ниту еден фудбалер на Милан нема да го носи овој број
СледноНе отпишаа иако сме први: Шансите на Македонија да биде прва во групата се само 4%