Андреј Магдевски беше во улога на капитен на Македонија во августовскиот циклус од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година.
Искусниот организатор на играта на нашиот национален тим има свое видување на ждрепката која беше реализирана денеска во Рига, а која за ривали во првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година ни ги донесе репрезентациите на Ирска, Луксембург и Азербејџан.
„Не не чека лесен пат, затоа што репрезентациите на Ирска, Азербејџан и Луксембург кои ни се ривали во групата, заслужуваат почит. Во последните години вложуваат и напредуваат во кошарката. Искрено се надевам дека сите ќе бидеме здрави, без повреди во ноември, и овие претквалификации ќе ги започнеме со позитивен скор“ – смета нашиот репрезентативец откако ги дознавме противниците во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.