Брегалница броеше до шест против Тетекс

282

Во последниот дуел од ВМФЛ конкуренцијата трето коло, тимот на Брегалница на домашен терен со високи и убедливи 6:1 го совлада тимот на Тетекс.

Домаќинот доминираше на овој меч, уште од првиот момент, погодувајќи и создавајќи шанси во многу наврати.

Карчески го отвори резултатот, па на 2:0 зголеми Алексовски. Тетекс намали на 2:1, а Тасев донесе 3:1. Карчески со својот втор гол носи 4:1, Хусеин Демири па на крајот Бојаџиев ги постави конечните 6:1.

 

ПретходноГерманија до крајот на ЕВРО баскетот ќе биде без селекторот
СледноДо денеска 18 репрезентации обезбедија „виза“ за СП 2026