Германија до крајот на ЕВРО баскетот ќе биде без селекторот

200

Кошаркарската репрезентација на Германија ќе мора до крајот на тековниот ЕВРО баскет да биде без селекторот  Алекс Мумбру. Тој беше хоспитализиран поради инфекција уште пред самиот турнир, а здравствените проблеми продлжија и за време на групмата фаза која што Германија ја играше во Тампере.

Алан Ибрахимагиќ неговиот помошник сега ќе ја води репрезентацијата во нови обид да и донесе медал.

„Во текот на изминатите неколку дена сфатив дека не сум физички подготвен да го водам тимот од клупата за време на натпреварите. Решив да ги прилагодам улогите во тренерскиот штаб и Алан да ја преземе одговорноста на главен тренер за време на натпреварите. Јас сè уште ќе бидам тука, ќе го поддржувам тимот и ќе продолжиме тесно да соработуваме. Верувам дека ова е најдобриот начин да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Мумбру.

Германија ќе игра против Словенија во четвртфиналето на Евробаскетот во среда од 20 часот.

ПретходноКаспер Хилманд е нов тренер на тимот на Баер Леверкузен
СледноБрегалница броеше до шест против Тетекс