Грузијците добиваат премија од 1 милион долари за пласманот во четвртфиналето

70
фото: fiba.basketball

Грузиската кошаркарска репрезентација постигна историски резултат со пласманот во четвртфиналето на Европското првенство, а за тој успех ќе бидат наградени со дури 1,1 милион долари.

Грузискиот премиер Иракли Кобахиѕе потврди дека владата ќе обезбеди бонус од три милиони лари, што е еквивалентно на гореспоменатиот износ во долари.

„Со оглед на тоа што имаме историски резултат во кошарката, би сакал да го прославам овој успех со соодветен паричен бонус од владата. За постигнатиот успех ќе бидат издвоени три милиони лари, а секоја следна победа на Евробаскетот ќе биде наградена со ист износ“, рече Кобахиѕе.

ПретходноОдбојкарките на Работнички двапати ќе гостуваат во Естонија во Челинџ Купот
СледноЧаби е тренер на месецот во Ла Лига (ФОТО)