За разлика од извиканите и препотентни, а ужасно слаби на ЕП, кошаркари на Србија, Лука Дончиќ и дефинитивно покажа како треба да се бори за својата земја. Словенецот вчера го остави и последниот атом од своите сили на паркетот во Рига и сам ја однесе својата селекција во 1/4 финалето откако на Италија и даде 42 поени.
Лука ФАНТАСТИКО. Овој Дончиќ е од некоја друга планета.
Мега – ѕвездата на ЛА Лејкерси просто ја воодушеви кошаркарска Европа и на Јокиќ и компанија им покажа како треба.
Со тие 42 поени тој и дефинитивно го надмина Дражен Петровиќ по просек на постигнати поени на Европските првенства.
Услов е да се одигра најмалку 20 меча, а Лука сега во просек има по 23,4 поени, додека Дражен Петровиќ пред три и повеќе децении имаше 23, 2 поени.
Засега и натаму се недостижни Никос Галис со 31,2 поени и Радивој Кораќ со 24,8 поени.