До денеска 18 репрезентации обезбедија „виза“ за СП 2026

133
фото: Noussour (X)

До денеска и официјално познати се 18 патници на Светското првенство во 2026 година.

Тунис е последната репрезентација која се квалификуваше на Мундијалот следната година. Во септември, Уругвај, Колумбија и Парагвај стигнаа до финалната фаза од турнирот, како и Мароко.

Претходно, „виза“ за Светското првенство обезбедија и Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Кореја, Јордан, Австралија, Еквадор и Бразил. Селекциите на САД, Канада и Мексико ќе учествуваат на турнирот како домаќини.

Вкупно 48 екипи ќе учествуваат на следното светско првенство, што значи дека 30 места се се уште слободни.

ПретходноБрегалница броеше до шест против Тетекс
Следно„Танјуг“ објави смена на Пешиќ од селекторското место во Србија, од КСС веднаш демантираа