Пелистер се засили со неколку квалитетни засилувања, репрезентативецот Андреј Митревски и нови играчи од странство, но „зелено-белите“ успеаја да задржат и значајни кошаркари од ланскиот ростер.
Квартет домашни играчи останува дел од „зелено-белото семејство“ откако беа успешно завршени преговорите за продолжување на соработката со Лука Стојановски, Бобан Стајиќ, Дамјан Крстевски и со Дарко Најдовски.
Стојановски е актуелен репрезентативец на Македонија, играч што го краси фанатична борбеност и прецизен шут од далечина. Стајиќ минатата година се врати назад во Битола од редовите на Работнички, беше една од ретките светли точки во ланската турбулентна сезона, па сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Даскаловски. За Крстевски ова ќе биде втора сезона во дресот на Пелистер, додека битолчанецот Најдовски како капитен е дел од самите почетоци на овој проект.