Македонската фудбалска репрезентација до 21. година утре со почеток од 18:15 часот на стадионот Петар Милошевски во Битола, ќе го одигра вториот квалификациски дуел од тековната кампања, против фаворитот во оваа конкуренција, репрезентацијата на Италија.
Се е подготвено за утрешниот спектакл во Битола, каде што нашите надежи по точно 31. година повторно се враќаат да одиграат квалификациски меч.
Последен пат тоа се случи на 11.10.1994 година кога во Битола на тогашното „Тумбе кафе“ кога во рамките од квалификациите за ЕВРО 1996 година гостуваше големата Шпанија.
За тогашната, но и сегашна фудбалска велесила поврзана е една анегдота и за нејзиното гостување во Битола.
На ден пред одигрувањето на мечот, експедицијата на Шпанија беше сместена на Пелистер, во популарниот хотел Молика. На инсистирање на стручниот штаб се побара од организаторот на дуелот да биде обезбеден термин за тренинг во попладневните часови. За да Шанија едноставно го почувствува теренот, или можеби нешто друго. На ова барање на шпанците, организаторот едноставно вратил дека на „Тумбе кафе“ нема рефлектори, (за разлика од сега благодарение на ФФМ) и тренинг едноставно не може да се одржи.
Но, битолчани како екстра домаќини сакајќи да им овозможи буквално се на гостите обезбедува услови и за ова. Како? Со внесување на возила на теренот на стадионот од дежурните служби како полиција, пожарна, амбулантни возила кои со своите фар светла, и рефлектори монтирани на возилата овозможиле каква таква светлина за шпанците да одржат тренинг. Шпанија тогаш не победи со 0:1.
Овојпат имаме сосема спротивна ситуација. Фудбалската Федерација на Македонија не само што помогна во целосното реконструирање на објектот во Битола, туку монтираше и рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ па во градот на Конзулите сега редовно се играат натпревари од ноќен карактер, каков што впрочем е и утрешниот.