Лука Станковски синоќа на Арената во Скопје го имаше своето деби во репрезентацијата на Македонија на еден официјален меч, играше и во Прага против Саудиска Арабија.
И имаше деби од соништата, влезе во игра во 83.минута на местото на Елиф Елмас а во 90.минута го постигна својот деби – гол за конечни 5:0.
“Секој играч има ист сон, да игра за репрезентацијата, а не пак вакво деби како моето – прв меч на домашен терен и веднаш да дадам гол. Не се опишува чувството кога ќе дадете гол за Македонија. Пред нас се важни и тешки натпревари. Се надеваме на остварување на големиот сон. Едно е сигурно, ќе одиме на победа против сите ривали“ истакна Лука Станковски.